Хрватската пејачка Јелена Розга прозборе за здраствените проблеми…
Имено, таа истакнала дека неодамна правела анализи, кои како што вели никогаш биле полоши…
„Среќна жена сум, имам се што сакам. Имам проблем со здравјето, таа жлезда не ме слуша… Тоа не го кријам, зборувам, можеби ќе можам некому да помогнам. Пред два дена бев да прегледам крв, наодите ми се ептен лоши. Не сум најдобро, но се трудам. Тоа највеќе влијае на моето расположение, кога хормоните не се во баланс. Влијае тоа и на мојата кожа. Се трудам што повеќе да одмарам, да бидам позитивна и да се надевам дека за месец дена, кога ќе бидам на контрола, моите наоди ќе бидат добри“ – рекла Розга за „Премиера“.
Инаку, Розга меѓу другото говореше и за својот приватен живот и за љубовта.
„Емотивниот живот ми е многу важен. Кога приватно и емотивно сум средена, тогаш можам да направам сè. Кога ќе се вљубам, ако нешто не е во ред, тогаш не функционирам.
Сакам да припаѓам некому, сакам прегратки, сакам некој да ме пречека со насмевка, ништо поубаво од тоа“ рече таа.