Првиот човек на манифестацијата „Златна бубамара“, Ранко Петровиќ, по третпат стана татко, објави репортер.мк.
Ранко и неговата сопруга Маја станаа родители на девојче. Тие веќе ги имаат ќерката Ангела и синот Марко.
За прославата со екипата на „Бубамара“ на мекици беа споделни фотографии на Фејсбук.
“Пред државниот празник си ги наполнив душата и срцето, прославивме за раѓањето на мојата трета кумица (после Ангела и Марко). Нека е жива и здрава, голема да расте, да живее во едно поубаво време и иднина, оти иднината ни е во децата. Честитки до мојот кум Ранко и кумата Маја од мене, моето семејство и од нашата екипа на вашата и наша Златна Бубамара“, напиша кумот на Ранко.