Поранешната девојка на принцот Хари, британската манекенка и актерка Кресида Бонас, во новата и експлозивна биографија вели дека принцот е „ранет и опседнат со себе“, пишува The Sun.
Оваа англиска манекенка и актерка излегуваше со принцот Хари две години и подоцна им раскажа на пријателите за неговата „невроза“ поврзана со медиумите и папараците дури и кога во близина нема никој. Самиот принц Хари во неколку наврати призна дека неколкупати бил на работ на нервен слом во доцните дваесетти години. Потоа, по наговор на неговиот постар брат Вилијам, отишол на психотерапија. Во книгата „Битка на браќата“ се вели дека неговите ментални проблеми многу се рефлектирале во Кресид.
Авторот на книгата, Роберт Лејси, вели: „Дури и Кресида Бонас, неговата последна сериозна девојка пред Меган Маркл, чувствуваше дека е ранет и е опседнат со себеси“.
– Без оглед колку сте образовани, талентирани, богати или кул, она што на крајот ве издава е тоа како се однесувате кон другите луѓе, -напиша Кресида на Инстаграм. Таа, исто така, им се пожалила на пријателите за неврозата на Хари поврзана со медиумите.
Хари беше во врска со Кресида три години пред тие официјално да се разделат кон крајот на 2014 година, бидејќи, како што пренесоа медиумите, 31-годишната манекенка и актерка не можела да се справи со притисокот на јавноста. Но, двајцата сепак останаа во добри односи, па Кресида дури присуствуваше на неговата венчавка во 2018 година со Меган Маркл.