Отуѓената сопруга на Кевин Костнер, Кристин Баумгартнер, најде друштво со еден од неговите пријатели.
Поранешната дизајнерка на чанти (49) беше забележана на одмор на Хаваи со Џош Конор, финансиер од Калифорнија, кого ТМЗ го идентификува како еден од блиските пријатели на ѕвездата од „Јелоустоун“.
Банкарот наводно е добар пријател со Кристин веќе некое време бидејќи тој живее блиску до семејната куќа на Костнери во Карпинтерија, Калифорнија.
На фотографиите што ги доби порталот, Кристин и Џош се гледаат заедно на прошетка покрај океанот.
И додека таа се правда со зборовите дека тој ѝ е пријател, во весниците веќе го доби прекарот „разуздана распуштеница“.
Зошто? Затоа што на фотографиите му се смешка на семејниот пријател кој со години се дружел со неа и со Кевин, а медиумите веќе тврдат дека таа му фрлила око на овој нов маж. Освен тоа, овој банкар дошол со неа на летување, па иако престојуваат во различни хотели, тие се неразделни со денови.
Кристина смета дека оваа наводна афера ѝ е наместена, и тоа од страна на Кевин Костнер, кој се обидува да ја понижи, но вистината е дека моментално се случува голема борба за пари помеѓу неа и актерот.
Имено, кога двојката се венчала, Кевин Костнер подготвил предбрачен договор, но договорот не бил посилен од Кристина.
„Јас само сакам на децата да им овозможам да живеат во истиот луксуз во кој живееја и пред нашиот развод“, рекла таа и не сакала да ја напушти нивната грандиозна вила.
Судиите, сепак, ја нашле вистинската мерка, па му наложиле на актерот на поранешната сопруга да ѝ плаќа алиментација во износ од 129.000 долари месечно на име на издржување на децата. Тоа било малку повеќе од половина од сумата што ја барала Кристина. Таа инсистирала Кевин да ѝ плаќа 248.000 долари месечно, додека Костнер сметал дека 52.000 долари е доволно.
Со оглед на тоа што не сакала да ја напушти нивната куќа сè додека Кевин не ѝ најде луксузна вила, Кристина зборувала дека не би ја изненадило и ако актерот ѝ викне полиција.
„Тој не мисли на децата и на тоа колку е сето ова трауматично за нив“, рекол анонимен извор.
Кристина на суд рекла дека моментално нема никакви приходи, а Костнер навел дека купила нов автомобил пред разводот, со надеж дека ќе го задржи кога тие ќе се разведат.
За некој кој нема никакви приходи, прилично храбро е среде бракоразводна парница да отиде на Хаваи и таму да му се смешка на семејниот пријател.