Перо Антиќ и Катарина Ивановска на роденден кај НБА ѕвездата Богдан Богдановиќ (ФОТО)

by Тони Зографски

Српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ неодамна наполни 30. години и во таа чест синоќа направи луда журка во најпознатиот белградски ноќен клуб „Лафајет“, на која присуствуваа речиси сите најдобри српски кошаркари, но и негови поранешни соиграчи од други клубови меѓу кои беше и нашиот Перо Антиќ.

Тој беше заедно со познатата манекенка Катерина Ивановски и беше меѓу највеселите на забавата, ако се суди според видеата и фотографиите кои се појавија во српските медиуми. Шоуто, сепак, го „украде“ најдобриот кошаркар во НБА во последните две години, Никола Јокиќ, кој буквално лудуваше, танцувајќи со кабаре-девојките и пиејќи шампањско од огромно шише.

Веднаш зад него со привлекувањето внимание беше и огромниот Бобан Марјановиќ, кој заедно со Јокиќ доминираше во ноќниот клуб.

 

 

останати вести