Ѕвездата на серијата „Портокаловата е нова црна“Лаврин Кокс (47) , на завчерашната премиера за „Ангелите на Чарли“ во Лос Анџелес, ги шокираше обожавателите со модната комбинација. На црвениот тепих таа се појави во проѕирен фустан без долна облека. Комбинацијата ја надополни со проѕирни штикли, а брадавиците ги прекриј со две црни ленти.
Лаврин во серијата „Orange Is The New Black“ глуми трансродова фризерка и затвореничка. Таа е родена како маж, а отсекогаш се чувствувала како жена.
И покрај тоа што се родила како маж, таа секогаш се чувствувала како жена, а стигна и на првото место на Guardian World Pride Power листата која ги истакнува највлијателните ЛГБТ личности на светот.
„Мислев дека светот никогаш нема да ме прифати таква каква што сум. Веќе напишав и проштални пораки во кои барам да ми се обраќаат како на жена после смртта. Мило ми е што останав жива“ , раскажала Кокс која во средно училиште била изложена на насилство од своите врсници.Таа дури размислувала за самоубиство откако се вљубила во момче.