Пејачката Рада Манојловиќ ќе му ги плаќа коцкарските долгови на нејзиниот дечко, Харис Берковиќ, пренесуваат српските медиуми. Наводно, луѓето на кои должи пари му праќаат заканувачки пораки и дека физички ќе го нападнат доколку не ги врати парите, пишува курир.рс
„Веќе некое време пејачката и нејзиниот партнер не се појавуваат во јавност. Се шпекулираше дека се повлекле за да уживаат во љубовта и да работат на приновата, но сепак тоа не е точно. Рада и Харис со месеци се во проблеми, а се започна пред една година кога Харис почна да се коцка. Тој нема настапи како порано, па не може да собере пари. На почетокот сам можеше да ги плаќа долговите, но не заработува како порано, па сега му помага неговата девојка. Рада убаво заработува, но тоа не е доволно да го плати долгот. “ тврди извор и додава:
„Станува збор за сериозни работи. Рада многу е уплашена за Харис бидејќи должи неколку десетици илјади евра. Таа почна да ги враќа долговите наместо него, но и понатаму има голем долг. Колку е сериозна ситуацијата, сфати кога луѓето му пратија пораки дека физички ќе го нападнат доколку не ги врати парите“ вели изворот.