Во Нови Пазар е уапсен вахабистот Армин Алибашиќ, кај кого е пронајдено оружје, хемикалии за изработка на бомби и знаме на ИСИС. Се сомничи дека планирал терористички напад за време на посетата на рускиот претседател, Владимир Путин.
Во заедничка акција на полицијата и БИА, во околината на Нови Пазар е уапсен Алибашиќ, кој планирал да се пролее крв на посетата на рускиот државник.
„Армин Алибашиќ го застанала полициска патрола, порадо сомнителниот ранец кој го носел. При контролата, пронајдена е пушка со оптички нишан, а во неговиот стан цел арсенал на оружје и опрема неопходна за правење експлозивни направи: од хемикалии за правење експлозиви, до сетови кои можат да користат за далечинска активација на бојба. Специјални телефони, жици и направа за далечински детонатор. Алибашиќ во својот стан имал и знаме на ИСИС, а пронајдени се книги кои содржат терористичка тематика“, се вели во полицискиот извештај.