Аргентинскиот претседател Хавиер Милеј (53) потврди дека ја прекинал својата врска со актерката Фатима Флорес.
„Како резултат на големиот професионален успех што го доживува Фатима, на која сум исклучително горд бидејќи доби бројни понуди за работа како во САД така и во Европа. Ова, надополнето на сложената задача со која се соочувам денес и која Аргентинците ми ја доверија, нè доведе да живееме одвоени, спречувајќи нè да ја имаме врската како двојка што би сакале да ја имаме, и покрај тоа колку се сакаме. Затоа решивме да ја прекинеме нашата врска и да ја одржиме врската на пријателството со оглед на тоа како се чувствуваме еден за друг и колку се сакаме, почитуваме и се восхитуваме“, наведе претседателот во пораката.
Од друга страна, Фатима Флорес (43) јавно не го коментираше раскинувањето, кое следеше само неколку дена откако парот беше виден како заедно излегуваат од синагога на Флорида. Како што пренесува New York Post, односот меѓу претседателот и актерката бил многу хармоничен и тие отворени зборувале за нивниот сексуален живот. Милеј во интервјуата изјави дека е „многу заљубен“ и ја опиша врската како „егзотична“, додека актерката изјави дека „паднала на Хавиер“.
„Дури и кога сме разделени, блиски сме. А кога сме блиску сме експлозивни, знаете на што мислам“ рече таа во изјава за „Сандеј тајм“.
Таа изјавила дека нема поплаки за задоволството што и го пружа Милеј во сексот, истакнувајќи дека има многу задоволства.
„Вистината е дека сме среќни. Работата не ја носиме дома, кога сме заедно само уживаме. Хавиер е посветен претседател, спие малку за да заврши што е можно повеќе работа. Тој не е како другите политичари, никој не сака луѓето колку што ги сака тој“, рече таа.
Милеј и Флорес почнаа да се забавуваат веднаш откако се појавија заедно на ТВ шоу во декември 2022 година, само два месеци откако таа се разведе по 22 години брак.
Претседателот на Аргентина, кој е познат по своето неформално појавување во јавноста, се соочува со бран големи протести по неговата одлука за значително намалување на јавната потрошувачка поради економската криза.