Советникот Нефи Усеини го истепал професорот од Универзитетот на Југоисточна Европа, Илјаз Илјази, објави „А1он“. Од МВР за „А1он“ потврдуваат дека Усеини бил викнат во станица каде дал исказ, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
Усеини и Илјази не се познавале и прв пат се сретнале вчера. Инцидентот настанал поради див приклучок на водоводната мрежа каде е поврзана зградата, чиј претседател на куќниот совет е Илјази.
Професорот Илјази вели дека Усеини не разговарал со него, туку веднаш физички се пресметал. Во тој момент Илјази му рекол „Почекај да видиме што е работава“, по што Усеини му вратил „Јас сум советникот Нефи, јас ќе те убијам тебе“.
„Со него имаше уште едно лице кое тргна да ме нападне. Во тој момент Усеини му рече на албански ‘Немој да го удираш, јас ќе го удрам, мене ништо не ми може’, на ова јас реагирав ‘Има закон’. Ме влечеше
на патот. Ми викаше дека не смеам да газам на земјиштето“, додава Илјази во изјава за „А1он“.
Инаку, во неколку месеци, ова е трет напад во кој учествува Усеини. Тој во април нападна инспектор од Скопје, кој сакал да изврши надзор на дивоградбата која ја гради советникот во Општина Охрид. Во јуни пак, Усеини го натепа неговиот колега од советот, Џелал Мена.
Усеини и во минатото бил осуден за кривично дело насилство. Судот еднаш изрекол условна казна, а откако Усеини го повторил делото.