Хрватската музичка дива Јосипа Лисац изјавила дека не е водушевена како Леди Гага ја испеала химната на инаугурацијата на новиот претседател на САД Џо Бајден.
– Јас никого не би учела, таа е своја и знае. Јас само можам да се претставам себе си. Гага беше облечена во црвено-црно, исто како јас. Јас дури имав и црвена шапка и поради тоа бев критикувана од луѓето кои тоа можеби не го разбираат. Морам да ви кажам дека Леди Гага во својата интерпретација исто така додаде импровизација надвор од темата – изјавила за Вечерњи лист Јосипа Лисац и додала дека не е импресионирана од изведбата на нејзината американска колешка.
– Не е Леди Гага толку страшна пеачка. Досега сум слушнала многу американски пеачи кои химната ја извеле на свој начин. Во тоа е и поентата.Мислам дека Гага тоа го изведе просечно. Таа е доста едноставна во својот музички израз. Не би имала ништо ни за ни против, ја изведе онака како што таа тоа го изведува.
Таа додала дека многу повеќе и се допаднала изведбата на Бјонсе на инаугурацијата на Барак Обама, додека една од најдобрите изведби на химната и е таа на Марвин Геј во 1983 година.