Двајцата малолетници од Велес за кои беше пријавено дека се исчезнати, се пронајдени и вратени дома, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Како што претходно соопшти МВР, на 15.03.2019 во 22.00 часот во Полициската станица во Куманово, 44-годишниот Р.Х. пријавил дека неговата 14-годишна ќерка А.Х. се оддалечила од домот, а вечерта во 21 часот и 20 минути 40-годишниот Т.Ј. од Велес пријавил дека околу 19 часот, во неговиот дом дошла токму А.Х. која била во љубовна врска со неговиот син А.Ј. (15). А.Х. неколку пати претходно доаѓала во куќата.
Двајцата малолетници му кажале на Т.Ј. дека сакаат да живеат заедно, по што Т.Ј. им кажал дека ќе ги пријави во полиција затоа што се малолетници и не сака да има проблеми со полицијата. По тоа малолетниците излегле од домот.