12-годишно девојче oд Велес брутално нападнато од својата врсничка, додека останатите гледаат и снимаат со телефон (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

by Тони Зографски

На социјалните мрежи се појави видео во кое 12 годишно девојче од Велес е физички нападнато од својата врсничка.

Додека таа низ солзи моли за помош, нејзината врсничка ја кубе и ја боксира сѐ додека не се појават возрасни минувачи кои се вмешуваат да ја спасат. Наместо да ѝ помогнат, останатите девојки кои се во нејзина близина, го снимаат целиот настан и се смеат.

“12 годишно девојче од Велес нападнато од својата врсничка додека бара помош од својата мајка по телефон, а останатите нејзини врснички снимаат и го подржуваат насилството !!!“, е напишано во прилог на видеото.

останати вести