Обрнете внимание на Оскарите в недела на Атиџе Муратова. Не можете да ја промашите. Таа ќе биде единствената македонско-турска гостинка облечена традиционално меѓу ѕвездената публика во театарот Долби во Холивуд.
Вака агенцијата Франс прес го почнува текстот посветен на македонскиот филм „Медена земја“, кој ќе се бори за Оскар во две категории – за најдобар документарец и за најдобар странски филм.
„Сара Џесика Паркер беше многу возбудена што ја сретна откако го гледала филмот“, вели продуцентот на „Медена земја“ Атанас Георгиев за агенцијата Франс прес.
Живеејќи среќно 56 години без телевизија, Атиџе не знаела за „Сексот и градот“, иако великодушно ѝ ја предвидела иднината на холивудската ѕвезда гледајќи ѝ на кафе.
Кога Атиџе тргнала во Скопје да го проба фустанот за Оскарите, раскажува Георгиев, ѝ беа потребни 20 минути за да пропешачи 200 метри затоа што многу луѓе сакаа да направат селфи со неа.
„Луѓето ја сакаат. Таа стана ѕвезда. Немаме избор освен да се носиме со тоа. Антрополошки, не би требало да го правиме тоа, но имаше голем притисок од јавноста во Македонија таа да оди на Оскарите“, вели Георгиев, плашејќи се дека таму може да ја гледаат како „лав во кафез“.
Контрастот не може да биде поголем, имајќи предвид дека Атиџе досега живееше осамено во селото Бекирлија, каде што собираше мед од диви пчели, но секогаш земаше само половина. Екипата на филмот во меѓувреме ѝ помогна да добие нов дом, блиску до нејзините роднини во „најблиското село до цивилизацијата“.
Во меѓувреме, филмската екипа ѝ помогна на Атиџе да се пресели во зимски дом поблиску до нејзините роднини во „најблиското село до цивилизацијата“. Формираната е фондацијата „Медена земја“ за неа, за семејството Сам, како и за пошироката заедница, а интернет донаторите откупуваат дел од „био медот“ кој го произведува таа.
Но далеку од тоа дека Атиџе е неписмена селанка.
„Таа е остроумна, многу интелигентна и зборува четири јазици од различни јазични групи – турски, македонски, албански и влашки“, вели Георгиев.