“ГО МАЧЕШЕ САМО ЕДНА РАБОТА, ДАЛИ ЛУЃЕТО ГО САКААТ ТОЛКУ КОЛКУ ШТО ТОЈ ГИ САКА“: Погребан Рајко Дујмиќ (ФОТО)

by Тони Зографски

На гробиштата „Мирогој“ во Загреб денеска беше погребан композиторот и лидерот на „Нови Фосили“, Рајко Дујмиќ кој почина на 4 август, откако беше во кома неколку дена откако со автомобил излета од патот.

Во почесната стража се менуваа Јасмин Ставрос, Јасенко Хоура, Жак Хоудек, Јасна Злокиќ, Владо Калембер и други.

Од Рајко со емотивен говор се прости неговиот долгодишен пријател и колега Ненад Нинчевиќ.

“ Не знам дали ќе можам“, рекол видно потресен Нинчевиќ кој се присетил на неколку анегдоти со Рајко.

“ Го мачеше само една работа, го сакаат ли луѓето толку колку што тој ги сака нив. Сега гледаш колку те сакаме. Рајко, сите твои пријатели дојдоа“, заврши Нинчевиќ.

Фото: 24 часа.хр

останати вести