-Учениците од прво до трето одделение и во училиштата каде има мал број ученици, односно, не повеќе од 20-ет, ќе одат во училиште, а останатите ќе ја следат наставата онлајн. Но, овде родителите ќе го имаат последниот збор, може да се бираат нивните деца да ја следат онлајн наставата -рече Венко Филипче на денешната прес-конференција.
Филипче изјави и дека е усвоен нов протокол за ослободување од изолација на пациентите.
„Повеќе нема да бидат потребни контролни тестирања. Новиот протокол се темели на опсежни анализи на Истражувачкиот центар за генетски инженериг и биотехника во МАНУ и на препорака на СЗО. МАНУ анализираше повеќе од 10 000 тестирања и според нив, сознанијата укажуваат дека кај пациенти со Ковид-19, независно од резултатот кај истите не е откриен вирус што може да предизвика зараза после 10 дена кај асимптоматските случаи, односно после 20 дена кај пациентите со симптоми. Па така, предвидуваме ослободување од изолација на позитивните лица без контролни тестирања. Отсега, позитивните тестови ќе се дистрибуираат кај матичните лекари“, соопшти Филипче.