Откако пејачката Неда Украден, рекла дека државата треба да им помогне на оние без редовни примања, мислејќи и на себе, прво реагираше Аца Лукас, а потоа и твитер заедница.
Лукас рекол дак во нормални услови музичарите се тие кои заработуваат многу повеќе од другите и дека тие не треба да бараат никаква помош.
„Мислам дека во оваа ситуација тоа не е потребно и не би требало. Има многу позагрозени луѓе. Ние во нормални околности заработуваме многу подобро од некој друг. Заради тоа не би требало да бараме такво нешто и да бидеме на тој список за помош, туку ние да сме тие кои пружаат помош“, изјавил Лукас за српските медиуми.
Тветерашите веднаш ја нападнале пејачката, и голем број сметааат дека естрадата има доволно пари за себе.
-Па продајте ги вашете силни “ауди“, “мерцедси“, БМВ-иња, вили и базени. Имате кариера од 150 години а немате заштеда за два месеци криза. А на што јас да се надевам? – се некои од коментарите.
Има и такви што сметаат дека Неда не мислела за себе да бара помош.
-Мислам дека Неда Украден не мислеше дека нејзи и на нејзините успешни колеги и требаат помош, туку на многуте анонимуси кој пеат за 20-50 евра.