Популарната српска актерка Анѓелка Прпиќ (35) по девет години брак наводно се разведува од нејзиниот сопруг Дарио, со кој го има синот Јаков.
На прашањето дали се разведува, Анѓелка одговорила кратко:
„Немам никаков коментар“.
Сопругот на Анѓелка е сопственик на ресторан во Белград. Тие се венчаа во 2011 година.
Инаку, Анѓелка Прпиќ кај нас е позната по хумуристичната серија „Андреја и Анѓелка“, со која игра заедно со популарниот актер Андреј Милошевиќ. Исто така таа беше гостинка и во една од епизодите од последниот серијал “Преспав“.