Молчеше шест месеци, но жената која доби вистинско фудбалско царство преку ноќ и стана една од најмоќните личности во фудбалскиот свет, конечно донесе одлука дека мора да проговори.
Голем е бројот на тие кои ќе кажат дека Мино Раиола беше толку моќен па мораше два пати да умре. Најуспешниот менаџер во фудбалската историја почина на 30. април 2022 година, а неколку дена претходно, фудбалските медиуми го прогласија за мртов, за да потоа таквата информација лично и персонално биде дематирана од Мино.
После смртта на Мино, познатата менаџерска агенција заврши во рацете на Рафали Пиманти, која сега ги застапува правата на многу фудбалски ѕвезди како што се Златан Ибрахимовиќ, Пол Погба, Ерлинг Халанд…
-Веста за смртта на Мино ја слушнав во канцеларијата на Манчестер Сити каде го договарав трансферот на Ерлинг Халанд. Мобилниот веднаш почна да ѕвони, сите ме бараа, ме побара и неговата мајка. Им кажав дека станува збор за лажна вест и сите се смирија, но јас не бев спокојна. Не бев спокојна, а морав да го договорам трансферот на Халанд. Една недела бев во Манчестер, а Мино беше многу уморен. Не беше мртов, но беше прашање на време. Веднаш после неговиот погреб се упатив во мојата канцеларија, не очекував дека светот ќе застане. Можеби требаше мојот живот да го ставам на пауза, но играчите, тие кои го сакаа, морав да ги убедам. Стануваше збор за голема работа, не можев да бидам во мојот дом и да плачам. Раиола побара деталите од неговата болест никогаш да не завршат во медиумите и јас нема ништо да откријам, изјави Пиманти.
Новиот сопственик на најмоќната менаџерска агенција во фудбалскиот свет додаде дека била непријатно изенадена од неколку менаџери.
-Има неколку луѓе кои се наречени супер-агенти: Џонатан Барнет, Жорге Мендеш… Кога би морала да зборам за подршката која ја добив од нив, тоа ќе трае цел ден. Беа фантастични. Бев среќна затоа што сакаа да ми помогнат иако немаше потреба од такво нешто. Сепак, многу го ценам тој гест. Тоа се добри агенти, но има и многу криминалци, кои ги контактираа играчите веднаш после смртта на Мино. Еден од тие го контактираше Бенитез, истиот ден кога умре Мино. Ванда, неговата жена, ми кажа дека се срами од таквиот потег. Пред да почине Мино, беа контактирани Ареола, Чави Симонс, Халанд и Погба. Луѓето не сакаат да прифатат дека Мино веќе го нема и дека сега постои жена. Многу мажи, кои не успеаа да не надмудрат знаат да ми кажат: „Што ти знаеш за фудбалската игра?“, а јас веднаш им одговарам: „Не мора да знаеш многу за фудбалот за да на некој му кажеш дека треба да ги исплати бонусите на фудбалерот. Потребно е познавање само од економија и математика“. Се обидоа да ме понижат, се со цел да победат во преговорите. Мино и јас заедно одлучивме дека ќе биде протагонист. Мино беше тој кој ги водеше преговорите и дигаше прашина во медиумите. Јас сакав да работам на мојот начин, тогаш сум максимално опуштена, откри Пиманти.