Ново обвинување за српскиот надрилекар Мирољуб Петровиќ. Прилепчанецот Александар Илиески (63) го обвинува Петровиќ, дека за лечењето на неговиот внук Ристо Крстески (42), ги користел негови тинктури, кој воопшто не му помогнале – објави блиц.рс.
“ На внук ми ракот на грлото му го дијагностицираа во ноември 2016 година. Тој се лекуваше со тинктурите на Петровиќ, кои скапо го плативме. “ Слушајте ме мене, а не дебилните доктори“ не уверуваше “шарлатанот“. Го послушавме, цела година купувавме од неговите тинктури , а 12 дена Ристо се лекуваше и во неговиот центар во Лесковац“ – раскажува Александар о додаваа:
“ Му велев, “Ристо оди на лекар“. Не ме послуша. Состојбата му се влоши, нагло ослабе, а Мирољуб веќе не одговараше на пораките. Ристе почина на 17 декември, 2017 години во големи маки“.
Инаку, претходно фамилијата на починатиот Ристо Крстески морала да продаде неколку ниви за да подигне кредит за негово лекување. На Петровиќ му плаќале по 160 евра месечно, плус 600 евра за 12 дена престој во центарот. По смртта на Ристо, Александар му се јавил на Мирољуб, но тој му рекол дека не го познава и да не го бара повеќе.
Претходно, на почетокот на годинава, и велешанецот Славче Петров почина, откако ги користеше тинктурите на српскиот надрилекар Мирољуб Петровиќ.
(фото: блиц.рс)