Глумецот Даниел Крејг на пошироката јавност ѝ е познат по улогата на Џејмс Бонд, а веќе 12 години е во брак со колешката Рејчел Вајс.
Меѓутоа, нивната врска е една од најмистериозните во светот на познатите, многу ретко се појавуваат заедно во јавноста и на црвените теписи, а ретко разговараат и за својата врска во интервјуа.
„Мора да го заштитите вашиот брак“, изјавила во една прилика актерката.
Даниел и Рејчел се запознале во 1994 година во лондонското Национално театарско студио каде глумеле во претставата „Les Grandes Horizontales“.
„Секако, ниту еден од нив тогаш не бил познат, па нивната прва средба останала незабележлива. Сценариото случајно ги ставило во многу љубовни предизвици и еротски сцени со многу голотија“, раскажал новинарот и писател Руперт Кристијансен за британски „Telegraph“.
Во тој момент Даниел бил во брак со актерката Фиона Лондон од која се развел во 1994 година, а во меѓувреме Рејчел била во врска со режисерот Дарен Аронофски со кој во 2006 година го добила синот Хенри.
Патиштата им се сретнале во 2010 година кога заедно глумеле во филмот „Dream House“.
Истата година актерот ја раскинал веридбата со филмската продуцентка Сацуки Мичел, а наредната година – 2011, Рејчел и Даниел се венчале.
Интимната венчавка била во Њујорк, а на неа присуствувале само нивните деца и двајца пријатели, а како што објасниле сето тоа го направиле тивко зошто не сакале да „ја расипат работата“.
„Мислев дека никогаш нема да се венчам, тоа е факт. Никогаш немав такви амбиции, всушност тоа беше спротивно. Не можев да се поврзам ниту со романтичните комедии во кои поентата е брак. Но, тогаш за среќа тоа едноставно се случи во зрел момент во мојот живот“, објаснила актерката.
„Се вљубив. Многу сум среќен. Мојата среќа ми е најважна. На крај, луѓето велат: Дај шест месеци време. Па, погодете што? Не одговарам на тоа.
Животот е долг и се надевам на ова на долги патеки“, изјавил во една прилика актерот за својот брак за британски „GQ“.
Даниел и Рејчел имаат едно заедничко дете, ќерката Ела која е родена во 2018 година.
„Кога родив син бев сигурна дека ќе имам најмалку уште две деца. Сега откако сум во овие години добив ќерка, знам дека нема да имам повеќе деца. Ја преминав старосната граница за проширување на семејството“, истакнала во една прилика по породувањето актерката.