Вчера на Инстаграм профилот на Бекстејџ гостинка беше водителката Миа Костова која што цели 10 години беше дел од тимот на естрадниот магазин.
Миа најпрвин објасни дека тимот на Бекстејџ се уште го доживува како семејство и покрај тоа што веќе не се појавува на екран, а потоа зборуваше за врската со жена за која што на големо се шпекулираше, но до денес Миа никогаш јавно нема зборувано за тоа.
– Да, љубев жена, тоа е вистината, Претходно сакав мажи, но јас не се водам според тоа дали треба да љубам некој што е маж или жена, туку според тоа дали е човек, објасни Миа.