Борис Мутков познат под прекарот Фантом, околу полноќ, е застрелан во близина на мостот за населбата Бардовци.
Во него според неофицијални информации е пукано со автоматска пушка додека се движел во автомобил, при што е ранет и пренесен во Систина. Неофицијално тој е во тешка состојба.
Засега не се познати сторителите но, се претпоставува дека има врска со пукањето во Александар палас минатиот месец.