Енди Мекдауел ја обожава својата природна седа коса и е пресреќна поради одлуката да престане да се фарба.
64-годишната актерка со широка насмевка гордо дефилираше на ревијата на L’Oreal одржана во рамките на Париската модна недела. Таа носеше креација со висок шлиц и пердуви додека самоуверено чекореше на модната писта.
Енди со години ја обојувала косата, но за време на пандемијата одлучила да го прифати својот природен изглед.
„За време на КОВИД, можев да си ги видам корените и ми се допадна тоа. Чувствував дека ќе бидам посреќна. И сум посреќна. Навистина ми се допаѓа. Имам 64 години и ова е најдобриот период во мојот живот. На крајот на краиштата, ќе имам сребрена коса“ – рекла таа во интервју.