НОВИНАРКАТА ЦЕЦЕ НИКОЛОВА ЗА АЛОПЕЦИЈАТА: „Ми паднаа 95% од трепките на десното око, но црвени усни се црвени усни и без трепки и без коса“ (ФОТО)

by Тони Зографски

Младата новинарка од Скопје, Цеце Николова која речиси целиот живот се соочува со алопеција, а  која пред извесен период собра храброст јавно да ја тргне периката и да му ја прикаже на светот својата различност, продолжува со својата мисија и отворено говори и за другите аспекти на алопецијата, односно дека покрај косата, има проблем и со трепките на окото.

„Откако ми паднаа 95% од трепките на десното око (сликана сум со предна камера), кога мислев дека ќе доживеам нервен слом пред првото шминкање на кое нема да можам да ставам римел и после кое најверојатно ќе изгледам како болна (а притоа не би ставила вештачки трепки) – ја почнав да уживам цртајќи си ја устата. Но, буквално да уживам.

Па така, иако без трепки на едно око, си добив супер природен бјути изглед и едвај го чекам секој нареден ден за ново, многу внимателно цртање на устата.

*Трепкиве не се мрднати од септември наваму, ама навистина не ме интересира. Но, поради нив знаат да прашаат – што ти е на окото? Болна си? Мислам дека имаш јачмен.

Не дечки, другарка ми #alopecia е.

Инаку, многу ја сакам сликава, затоа што црвени усни се црвени усни и без трепки и без коса, нели?“, напиша Николова на нејзиниот Инстаграм профил.

https://www.instagram.com/p/CZKj1vZrmci/

https://www.instagram.com/p/CYM4NNDr352/

останати вести