Полскиот премиер Матеуш Моровјецки е најзаслужен што на Норвежанката, Силија Гармо не и е одземена 23 месечна ќерка. Тој лично се заложи Силија која е ќерка на познат норвешки политичар, да добие азил во земјата, откако властите во Норвешка сметаат дека таа не може да биде добра мајка и и се заканувале дека ќе и го одземат девојчето.
Од таму велат дека жената води хаотичен живот, зема таблети и страда од хроничен замор. Таа се тоа го негира и вели дека социјалните работници и упаднале во станот без најава, но откако веќе избегала.
Инаку, нејзината 13 годишна ќерка Фроја останала во Норвешка со поранешното момче на Силија.