Вирологот од Оксфорд, Роб Ламкин-Вилијамс, тврди дека Велика Британија е многу блиску до последната фаза од развојот на вакцината против Ковид-19.
-Со оглед на тоа што во тек е огромно клиничко испитување, групата во Оксфорд се надева, иако сè уште нема гаранции, дека првите вакцинации ќе започнат непосредно пред Божиќ. Вакцината веќе се произведува на повеќе локации во Европа и Америка и што е уште поважно, на Институтот „Serum“ во Индија. Значи, глобалното производство на вакцината е веќе во тек, што ќе се користи доколку клиничките испитувања се покажат успешни – рече Вилијамс.
Тој додаде дека претежно здрави луѓе од сите возрасти се вклучени во истражувањето.
-Не можам да ви кажам точно кои се најстарите испитаници, но има некои од екстремно ризични групи. Јас сум астматичен и припаѓам на ризична група. Тоа е широка возрасна група од околу 10,000 луѓе, вклучена во оваа студија. Првиот бран се смирува. Вториот нè чека во септември, но излезе од контрола во Бразил, така што околу пет илјади луѓе во Бразил беа вклучени во студијата – рече британскиот експерт.
Тој вели дека во моментов се произведуваат две милијарди вакцини, од кои половина милијарда во Индија.
Институтот „Serum“ таму е високо акредитиран и годишно произведува огромни количини на вакцини против груп, кои, според Вилијамс, се дистрибуираат на глобално ниво.
-Значи, не станува збор само за Велика Британија. Ова е глобално. „AstraZeneс“ е британска компанија, но има капацитети за производство низ целиот свет и сите работат на производство на вакцината – изјави Вилијамс.
Зборувајќи за безбедноста на идната вакцина, британскиот експерт уверува дека неговата безбедност не е загрозена.
-Една од предностите на групата Оксфорд, која е лидер на 23 екипи, од кои сите во моментот спроведуваат клинички испитувања, е што тие работеа на слична вакцина за сличен вирус, што го предизвикува Мерс или респираторен синдром на Блискиот исток. Така, основата за развој на вакцината и неговата безбедност веќе постоеше до одреден степен. Значи, станува збор за прилагодување на постојната вакцина на новиот вирус. Значи, многу безбедносни мерки веќе се преземени и продолжуваат и сега – истакна Вилијамс.