На социјалните мрежи од синоќа се шири видео дека се случила експлозија на возило во непосредна близина на Гимназијата Нова, во скопско Тафталиџе.
.– Пиромањаци напаѓаат, експлодира возилово кај гимназија НОВА, стои во синоќешната објава на корисник на Твитер, кој постираше видео од изгореното возило.
Како што објави Centar.mk, синоќа околу 22 часот на улицата Букурешка било запалено возило марка Рено клио со скопски таблички во сопственост на М.М. од Скопје. На терен дошле противпожарните екипи кои успеале да го совладаат пожарот, а полицијата врши увид. Неофицијално се работи за намерно палење на овој автомобил.
Инаку, граѓаните последниве триесетина дена се сведоци на секојдневни палења на возила низ Скопје.
Пиромањаци напаѓаат, експлодира возилово кај гимназија НОВА pic.twitter.com/ioBU36QlVi
— Демир (@Trollowsky) February 3, 2020