Режисерот на култните југословенски филмови “Љубовниот живот на Будимир Трајковиќ“ и “Ерогена зана“, Дејан Караклаиќ и беше прв сопруг на Неда Арнериќ. Глумицата имала само 21 години кога се заљубила во него, а веста за нејзината смрт, многу го потресла режисерот.
-Неда не си замина. Кога слушнав дека починала, бев очаен. Ние бевме долгогодишни пријатели. Последниве денови видов толку слики од неа, филмови со неа, да почувствував дека не може да си замина. Нејзиниот глас, убавина, движење, се е тука – изави Дејан за курир.рс и додава:
-Неда остави неизбришлив траг позади себе. Нејзината едноставност, природност, непретициозност како во филмот така и во животот, не прави блиски и со тоа не плени. Нејзината душа беше весела, добра и напатена, полна со радост и тага, како во секој момент да го чувствува целиот свет… Кога ќе посакам, ја гледам и чувствувам Неда, жената со полно разбирање за сите луѓе околу себе. Тука ќе биде Неда засекогаш… И тоа не е патетика, едноставно е така. Бракот траеше три години, но глумците и режисерите се во контакт до крајот на животот – вели режисерот Дејан Караклаиќ, човекот поради кој Неда им рекла “не“ на агентите на Холивуд.
Инаку, погребот на Неда Арнериќ која во петокот почина на 67 години, сеуште не е закажан. Најверојатно таа ќе биде закопана покрај нејзиниот последен маж, докотор Михајло Мештеровиќ. Семејството сака погребот да биде извршен во кругот на најтесната фамилија.
Фото: курир.рс