Првата сопруга на Јосип Броз Тито била Русинката, Пелагија Бјелоусова. Пелагија била родена 1904. година. Со Тито се венчале на Сибир 1921, кога таа имала 17 години и со неа потоа се вратиле во Хрватска. Нивните првородени деца, ќерката Златица и синот Хинко, починале уште како мали и се погребани на селските гробишта. Подоцна, го добиле синот Жарко кој израснал во Москва. Пелагија Бјелоусова по разводот со Јосип Броз се премажила за еден Русин со кого имале две деца.
Пред да ја запознаа Јованка, Тито имал уште два брака. Прво, во 1936 се оженил со германската комунистка Луција Бауер која во декември 1937 била стрелана во московскиот затвор Лубјанка, како и со словенечката евреинка Херта Хас, со која во 1941 го добил синот Александар-Мишо.
Подоцна, во 1952 година Тито се ожени со Јованка Будисављевиќсо која беше во брак се до неговата смрт во 1980 година. Веста за венчавката на Тито се пренела низ светот како сензација. Сите ја опишувале сопругата на маршалот како витка и убава, со бујна коса и крупни очи.
“Разликата од 32 години не претставуваше никаква пречка меѓу нас. Напротив! На добар начин се следевме. Тито игра билијард, па и јас научив покрај него. Тој оди на лов, одличен стрелец е, ама во војната и јас научив да пукам. Одиме на риболов, мене ме одликува трпение. Пливаме заедно, ама јас подобро од него. Тој е со многу развиено чувство за музика, јас без слух“, зборувала Јованка.
Во 1977 Јованка за последен пат се појавила во јавноста како прва дама. Таа есен е ставена во своевиден домашен притвор и целосно изолирана од сопругот.
По смртта на Тито, целиот нејзин имот бил запленет и Јованка се преселила во вила која била сопственост на државата.
Таа почина на 20 октомври 2013.