Дали Антониа Гиговска е новата Рада Манојловиќ?

by Тони Зографски

Оваа сезона нашата Антониа Гиговска „растура“ во музичкото шоу „Пинк Ѕвездички-all stars“, па нема воопшто да биде чудно ниту пак изненадување ако  ја однесе и победата.

Антониа во секое ново издание и при секоја нејзина изведба добива комплименти, пофалби, ласкави коментари… Судиите веќе и го трасираа патот кон ѕвездите, тврдејќи дека таа со својот моќен вокал и однесувањето на сцената е родена да биде ѕвезда. И тоа исто така не е ниту чудно ниту изненадувачки, зашто е повеќе од евидентно.

Но затоа пак изненадувачки е нешто, што можеби не е така евидентно и не се забележува пред камерите во самата емисија, а очигледно се случува зад камерите.

Имено, во последно време евидентна е блискоста на нашата пејачка со членовите на жирито, а особено „боде очи“ близината со еден од нив – Милан Станковиќ.

Па така, пред неколку седмици, во деновите кога се снимаше нова емисија,  Антониа на својот Инстаграм објави снимка на која е во друштво на пејачот-судија Милан Станковиќ, па со него заедно дури и запеаја за своите фанови и следбеници на социјалните мрежи, а сето тоа го овековечи, постирајќи го на своите Инстаграм приказни.

А, од Инстаграм приказните веднаш тргнаа и чаршиските приказни дека Милан веќе ја доживува Антониа не само како колешка, туку и добра пријателка со која има блиска дружба и кога не се само на релација судија – натпреварувач!?

Фотографиите ги подгрејаа и муабетите дека тука се случува нешто, што е повеќе од „шоу бизнис“, па веднаш тргнаа претпоставките и прашањата: Дали Антониа Гиговска не е новата Рада Манојловиќ? Секако, асоцирајќи на големат љубов и врската на Милан Станковиќ и популарната српска фолкерка од времето кога обајцата поникнуваа во ваквите музички талент шоуа! Рада беше и остана љубовта на Милан која (ќе) се памети. Но, дали доаѓа некоја што ќе ја смени и надмине?

Целата приказна на Вистина.

 

останати вести