Мишел и Барак Обама се разведуваат по 30 години брак, пренесува „Глоуб“.
Магазинот уште пред неколку години пишуваше дека поранешниот американски претседател и неговата сопруга често се расправале, но дека сега ги подготвиле.
Барак планирал да се разведе од Мишел уште пред три години, а причината била нејзиниот раскошен живот. Поранешната прва дама на САД ѝ се доверила на блиска пријателка дека сопругот повеќе не ѝ давал пари за нејзиниот скап животен стил.
Според „Глоуб“, Мишел наводно задоволно ја примила веста, затоа што и така планирала да се разведе од Барак поради неговите бројни неверства.
Извор близок до двојката открил дека Барак ја спречил Мишел да поднесе барање за развод, кој веќе го подготвила со нејзините адвокати. Мишел била подготвена да стави крај на токсичниот брак, на заедничко задоволство, открива изворот.
Бидејќи Барак повеќе не бил во Белата куќа, бракот ја изгубил смислата, дополнува тој.
Мишел е подготвена да го уценува Барак и да проговори за неговите бројни вонбрачни афери со славни жени. Таа е подготвена да излезе во јавност со нивните имиња, тврди изворот.
„Глоуб“ во еден од своите текстови објави и дека двајцата биле видени заедно, но не ги носеле венчалните прстени.
Магазинот пренесува дека тоа што не ги носеле венчалните прстени е доказ дека работите во бракот не се идеални. Двојката е речиси 30 години во брак, а заедно ги имаат ќерките Малија и Наташа.