“МАЛКУ ГЛУМАМ ДЕКА МЕ БОЛИ“: Тони Цетински направи трансплантација на коса, па објави на Инстаграм (ФОТО)

by Тони Зографски

Тони Цетински на Инстаграм откри дека одлучил да направи трансплантација на коса и објави фотографија од зафатот.

„Веќе долго време имав желба да направам трансплантација на коса и среќен сум што заради тоа не морав да отпатувам надвор од границите на „Лјепа наша““, напиша хрватскиот пејач.

https://www.instagram.com/p/CW3scOWtrtf/

Цетински потоа објавил сторија на Инстаграм на која позира во текот на постапката, а објавил и фотографијата со докторката која му го направила третманот.

„Не е така како што изгледа, малку се преправам дека ме боли“, напишал тој.

Еден од обожавателките му напишала на Тони дека тој ѝ е „фаца и без коса“.

останати вести