Кралицата Елизабета Втора го прекина молкот во вторникот за експлозивното интервју што принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл што ѝ го дадоа на Опра Винфри, а кое се емитуваше минатиот викенд.
Британскиот кралски двор издаде кратко соопштение во кое се осврнува на низата тешки обвинувања, од кои најсилното одекна она за расизмот, кое кон војводата и војвотката од Сасекс го манифестирале некои членови на кралското семејство.
– Целото семејство со тага го прими сознанието за тоа колку биле предизвикувачки изминатите години за Хари и Меган – започнува изјавата потпишана од самата кралица Елизабета Втора.
„Прашањата на кои се осврнаа, особено оние што се однесуваат на расата, се загрижувачки. Иако можеби на различни начини се присетуваме на некои случувања, ние сигурно ги третираме многу сериозно и ќе се занимаваме со нив приватно во семејството. Хари, Меган и Арчи секогаш ќе бидат сакани членови на нашето семејство“, се вели во соопштението.
Се верува дека кралицата намерно чекала до вторникот навечер да го искоментира шокантното интервју со Опра Винфри, за Британците да имаат можност прво да го погледнат, но не се очекува дека „Фирмата“ понатаму преку официјалните канали на ваков начин да го коментира спорното интервју.