Телата на двајцата мигранти кои шест месеци стојат во капелата во Бутел, ќе бидат погребани денеска. Погребот го организира и сите трошоци ќе ги покрие Центарот за социјална работа на Скопје.
– Дописот од ОЈО стигна пред два дена и ние веднаш го организиравме погребот. Телата ќе бидат погребани утре(петок) во 14 часот на гробиштата во Бутел, согласно со законските процедури и верските обичаи. Сите трошоци ќе ги покрие Центарот за социјална работа, изјави за НОВА, Наташа Стојановска директорка на Центарот за социјална работа.
Инаку, починатите мигранти, едниот од Шри Ланка, другиот од Бангладеш, загинаа на 25 јуни кога камионот во кој се превезувале удрил во ограда од мост при што уште 17 мигранти беа повредени, а возачот избегал од местото на несреќата.