Шпанскиот тенисер Рафаел Надал кој ја освои 19. Грен-слем титула со победата во финалето на УС Опен над Русинот Данил Медведена од 3:2, по финалниот меч бил исцрпен од замор, за што говореше и неговиот тренер Карлос Моја.
„Тоа беше неверојатна психичка војна, вистински боксерски меч. По мечот Рафа не можеше да си ги облече ниту фармерките, морав да му помогнам. Беше мртов“, опиша сликовито Моја за радио програмот „СЕР“.
Карлос исто така смета дека Шпанецот дури сега ќе го дава својот максимум и покрај хроничните повреди на колената кои го мачат со години.
“Надал сè уште има простор за напредок. Ќе продолжиме да работиме на тоа, никој нека не се сомнева“, изјави самоуверено Моја.