Глумицата и пејачка Оливија Њутн Џон (71) позната по улогата од популарниот музички филм “Брилјантин“ на аукција ќе продаде околу 500 парчиња на предмети и гардероба, меѓу кои и популарните црни кожни панталони од култната сцена.
На аукцијата ќе биде понудени и розовата јакна која ја носеше во “Брилијантин“, како и црната кожна јакна која ја носеше во завршната сцена на филмот.
Целиот приход од продажбата ќе биде даден во добротворни цели.
Инаку, познатата глумице веќе подлго време се бори со рак на дојка, кој за прв пат ѝ бил дијагностициран во 1992 година.