Една од најубавите руски манекенки, 36-годшната Евгенија Сметанина вели дека не може да го гледа своето лице по тешката сообраќајна несреќа.
Имено, манекенката одлучила да се вози со таканареченото „блабла“ возило и да заштеди пари од патувањата, а потоа и добро да се забавува. Но очигледно таа брзо се покајала, бидејќи возачот на овој автомобил заспал и така дошло до страшна сообраќајна несреќа.
Таа на клиника преживеала клиничка смрт поради повреди на главата, а потоа се разбудила унакажана во лицето и како што таа вели, можеби ќе биде во количка целиот свој живот.
– Згрозена сум од моето лице. Не можам да се гледам себе си – со бес во себе и солзи изјавила младата манекенка.
Инаку таа е една од најуспешните руски манекенки, а во 2007 година Евгенија се натпреваруваше на државниот избор за најубава Русинка.
https://www.instagram.com/p/B3qjFr6A5-q/?utm_source=ig_web_button_share_sheet