Со Аферата „Рекет“ како да се собра доволно материјал не за една Бубамара на популарноста туку за многу повеќе. Токму фановите на водителот на Бубамарата, популарниот актер Сашко Коцев се загрижија како ли ќе се снајде и како ќе издржи на сцената за манифестацијата која секоја година се одржува во февруари.
„За Сашко Коцев се секирам, дали ќе запамти се, колку ќе трае следната Златна Бубамара?“ „Сашко Коцев, јака ти душа за следната Бубамара на популарноста! Како се ќе запамтиш?“; „Како тргна Македонијава, наредната Бубамара, делот на Сашко Коцев ќе трае 3 дена ако продолжат вака Медичи, Тредичи, Четиристотидичи“, се само некои од коментарите.