По 13-годишниот брак пред една недела одекна веста дека се разведоа поранешниот кошаркар и сега претседателот на КФМ, Перо Антиќ и неговата сопруга, Ружица.
Естрадниот магазин “Бекстејџ” дознава дека Перо и Ружица се разделиле уште пред неколку месеци, а документите за развод ги потпишале пред повеќе од еден месец.
Наводно, старателството над децата и куќата на Водно каде живееше семејството ѝ припаднале на Ружица, а кошаркарот се преселил во станот на Водно каде што моментално живее сам. Се шпекулира дека имотот и милионите кои Перо ги заработил од својата кариера се подеднакво поделени.