По поразот од Новак Ѓоковиќ во финалето на Австралија Опен, на шпанскиот тенисер Рафал Надал му дојде преку глава од ергенскиот живот и реши да се жени. Негова избраничка е Чиска Перело, со која е во врска веќе 14 години, а се верија лани, во мај, во Рим.
Според „Хола“, парот планира да се венча оваа есен на Мајорка, а веќе е најавено дека тоа ќе биде свадба на годината.
“ Планирам да оформам семејство. Сакам деца и сакам да се занимаваат со она шти тие ќе посакаат – изјави Надал за овој шпански весник во март, минатата година.