Петицијата против славниот глумец Ален Делон (83) баш во моментот кога во недела треба да ја прими почесната Златна Палма во Кан, овие денови предизвикува големо внимание. Извесна Маргерита Б. Делно го окарактеризира како “хомофоб кој ги мрази жените“ и побара од организаторот на фестивалот да не му ја додели наградата. Таа до вчера собра повеќе од 20.000 потписи на својата петиција. Во неа се наводи дека познатиот глумец тврди дека геј паровите не треба да имаат деца и дека со жените треба да се има “мачо“ став кој вклучува и плескање.
– Не разбирам за што се работи, имам впечаток дека авторот на петицијата бара начин да се истакне. Која е таа, и зошто токму сега?, прашаше Делон и додаде:
– Точно е, реков дека ми е гајле дали гејовите ќе се венчааат, што за мене е против природно, на постои една работа со која не можам да се сложам а тоа е да посвојуваа деца. Што да ви кажам? И да ме сакаат или не, мојата кариера не можат да ја оспорат.
Инаку, канскиот фестивал застана во одбрана на Ален Делон.