Сопственикот на ресторанот „Ла Страда“ во Прилеп синоќа бил повикан во полиција да даде исказ по пријавата поднесена од фудбалерот Езџан Алиоски и неговите роднини дека биле избркани од кафулето само затоа што говореле албански – објави новатв.мк
„Со Алиоски и еден наш другар седнавме во кафе-барот „Ла Страда“ во Прилеп. Меѓу нас почнавме да зборуваме на германски. Порачавме минерална вода и се беше во ред. Можеби помислија дека сме туристи. Пет минути подоцна се јави таткото на Алиоски да праша каде сме за да ни се придружат. Со него зборувавме на албански и во еден момент дојде келнерот и ни рече дека треба да станеме. Наводно се било резервирано, а терасата надвор беше празна. Вакво нешто досега ми се нема случено никаде. Нè фати нервоза и станавме. Дојде газдата, прашуваше што се случи и кога дозна дека гостин е фудбалерот Алиоски се извини и ни рече можете да останете на што му возвративме дека е доцна. Не може така“, изјави за Нова ТВ, Фикрет Алиоски, братучед на фудбалскиот репрезентативец на Македонија.
Инаку, после инцидентот Алијоски се вклучи во хуманитарната акција за помош на Дејан.
Ezgjan Alioski tregon madhështinë…
Gjanni Alioski tregon madhështinë… Pritet si hero në #PrilepPas incidentit, kyçet në aksionin humanitar për ti ndihmuar DejanitАлијоски ја покажа големинатаГо пречекаа како херој во #ПрилепПосле инцидентот се вклучи во хуманитарната акција за помош на Дејан
Posted by Klan Macedonia Television on Thursday, June 13, 2019
Видео: Клан Македонија