За Васил Зафирчев е познато дека е одличен актер со успешна моќ на трансформација. Но, малкумина знаат дека Зафирчев е и музички талентиран. Во студиото „Тралала“ на познатиот музичар Мите Димовски, Зафирчев најави снимање на нова песна за која деталите ќе ги открие наскоро.
И претходно, тој имаше искуство како пејач. Во дует со неговата поранешна сопруга, Калиопи, Зафирчев ја сними песната „Пупурни дождови“. Оваа песна доживеа и оригинален спот, кој го споредуваа со „Where the Wild Roses Grow”, дуетот на Кајли Минг и на Ник Кејв.
Во моментов, Васил е популарен по улогата на готвачот Марио во хумористичната серија „Преспав“, и игра претстави во велешкиот театар. Актерската екипа на серијата неодамна ја сними песната „Куршлус“ во студиото “Тралала“.