ПО ДЕНЕСКА РЕКОРДНИТЕ 364 НОВОЗАРАЗЕНИ: Задожително носење маски на отворено, се забрануваат семејни прослави и групирање по 22 часот

by Тони Зографски

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција објави дека денеска има 364 заразени со Ковид-19. Тоа е нов рекорд на новозаразени со оглед дека вчера беа 317.

-Ова е најголем број на хоспитализации од крајот на јули. На Инфективната клиника денеска се сместени 86 пациенти, во ГОБ 40, од кои 4 се на ресипиратор. Во болницата во Козле се хоспитализирани три деца позитивни и за две деца се чека резултат- рече Филипче и откри што Комисијата за заразни болести ќе и предложи на Владата.

-Забрани на семејни поголеми прослави, слави и други собири, во стан или куќа. Дозволено е само 4 лица членови на семејството  и 4 други лица.
-Се забранува групирање на јавен простор како што се паркови, бензиски пумпи по 22 часот.

-Задолжително носење маски секаде при престој на отворено, јавен приватен транспорт,  исклучоци има  при спортување при транспорт  на сите членови од исто семејство, исклучок имаат и децата до 6 години.

останати вести