Еден од најуспешните диџеи на денешницата Дејвид Гета (55) прошета на плажа со згодната 25 години помлада девојка Џесика Ледон (31) и стави крај на гласините за нивното раскинување.
Тие поминаа сончев ден заедно на песочна плажа во Мајами, што ги поттикна гласините дека можеби ѝ дале втора шанса на својата врска, а можеби и никогаш не ни раскинале. Ова беше нивно прво заедничко појавување по речиси една година, откако за последен пат заедно присуствуваа на доделувањето на Греми наградите во април 2022-ра година.
Странските медиуми пишуваа дека после седум години љубов дошло до крај на врската поради пренатрупани распореди, но парот никогаш не го потврди тоа.
Судејќи по се, се чини дека нивната врска никогаш не била ни доведена во прашање – сега се шетале држејќи се за рака, а љубовта не ја криеле додека се гушкале и бакнувале на лежалките.
Инаку, Џесика беше цел на критики кога излегуваше со 24 години постариот Французин бидејќи многумина мислеа дека таа е причината за распадот на дводеценискиот брак со неговата прва сопруга Кети Лоби.