Триесет и петгодошен скопјанец е нова жртва на маларија во Македонија. Тој, како што дознава „Слободен печат“, престојувал во Гана каде и најверојатно настанала инфекцијата, а по враќањето тука, здравствената состојба му се влошила.
Тегобите му се појавиле пред една недела, а здравствената состојба драматично му се влошувала.
– Кога дојде кај нас беше веднаш хоспитализиран, болеста е дијагностицирана за еден час, но за жал не можеше многу да се направи, бидејќи состојбата му беше навистина тешка – изјавиле од Клиниката за инфективни болести.
Инаку, пациентот пред да побара помош на Инфективна клиника бил лекуван и во една приватна болница.