Сопственикот на српската телевизија „Пинк“, Жељко Митровиќ, ненајавено за првпат во живо влезе во куќата каде што се снима „Задруга“ и пред станарите и целата јавност објави дека ова ќе биде послената сезона на реалното шоу.
– Пред големиот телевизиски аудиториум ќе зборуваме на начин кој треба да биде обврзувачки, но претходно ќе им оддадеме почит на загинатите и повредените со едноминутно молчење, го почна својот театрален говор Митровиќи дополни: „Овој разговор ќе го водиме по следниот принцип: Јас ќе зборувам, вие ќе молчите. Секој упад или дофрлање ќе го сфатам како факт дека не ја разбирате сериозноста на ситуацијата во која се наоѓаме – рече тој.
Ова уследи по бурните реакции, и барањето на јавноста да се забрани реалното шоу поради неговото лошо влијание врз младите.