Стилистот и ТВ-водител Сергеј Варошлија конечно се огласи на социјалните мрежи по апсењето на неговиот близок пријател и соработник Бојан Јовановски, првоосомничен во случајот „Рекет“.
На својот Инстаграм профил Варошлија објави цитат од германскиот филозоф Фридрих Ниче.
Инаку, претходно Сергеј на 19 август му го честиташе роденденот на Боки.
-Среќен роденден драг мој Бојан! И како вика онаа народната “се проаѓа” битно да си ми жив и здрав,- меѓудругото напиша тој на Фејсбук.