Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 3.728 тестирања, а регистрирани се 1056 нови случаи на КОВИД-19 во:
Скопје – 590, Битола – 57, Прилеп – 42, Велес – 36, Кавадарци – 35, Куманово – 34, Охрид – 30, Тетово – 28, Струмица – 21, Гостивар – 19, Неготино – 18, Струга и Кичево – по 16, Штип, Кочани, Гевгелија и Берово – по 13, Делчево – 9, Свети Николе – 8, Радовиш и Пробиштип – по 7, Кратово – 6, Крива Паланка и Ресен – по 5, Валандово и Демир Капија – по 4, Крушево, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 2, Пехчево – 1.
Регистрирани се 727 оздравени пациенти од:
Скопје – 457, Прилеп – 58, Куманово – 27, Гевгелија – 26, Гостивар – 22, Тетово и Струмица – по 21, Велес – 17, Штип – 13, Битола и Кочани – по 12, Крива Паланка – 8, Кичево, Ресен и Богданци – по 5, Валандово – 4, Пробиштип – 3, Радовиш, Крушево и Пехчево – по 2, Свети Николе, Неготино, Делчево, Виница и Демир Хисар – по 1.
Пријавени се вкупно 25 починати лица, на возраст од 29 – 87 година и тоа: 7 пациенти од Скопје, од Прилеп и Битола – по 4, од Кавадарци – 3 починати, и по едно починато лице е пријавено од Куманово, Тетово, Велес, Гостивар, Кочани, Струга и Охрид.